Центарот за развој на Скопски плански регион започна со реализација на активностите од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух”. Во рамките на проектот ќе се постават 5 паметни клупи, урбана опрема и зеленило и ќе се спроведат едукативни работилници. Проектот ќе се спроведува на три локации во Општина Центар (Сквер Јадран, ул. Наум Наумовски Борче), Општина Карпош (Зоолошка Градина – Скопје) и Општина Кисела Вода ( Парк Шопен). Партнер во проектот со Центарот за развој на Скопски плански регион е Здружението “Go Green – Гоу Грин” во соработка со трите наведени општини. Проектот е финансиран од грантовата шема на иновативни проекти на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа на Р. С. Македонија.
Вовед во работа за проектот “Еко иновативни зони за почист воздух” Центарот за развој на Скопски плански регион започна со реализација на активностите од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух”. Во рамките на проектот ќе се постават 5 паметни клупи, урбана опрема и зеленило и ќе се спроведат едукативни работилници. Проектот ќе се спроведува на три локации во Општина Центар (Сквер Јадран, ул. Наум Наумовски Борче), Општина Карпош (Зоолошка Градина – Скопје) и Општина Кисела Вода ( Парк Шопен). Партнер во проектот со Центарот за развој на Скопски плански регион е Здружението “Go Green – Гоу Грин” во соработка со трите наведени општини. Проектот е финансиран од грантовата шема на иновативни проекти на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа на Р. С. Македонија.
No comment yet, add your voice below!