Во рамките на програмата „Регионални форуми во заедницата“ беше спроведено електронско истражување врз чија основа се одредени приоритетните области и подобласти на Скопскиот плански регион. Граѓаните ги идентификуваа и најприоритетните проблеми и предизвици со кои се соочуваат и за кои ќе бидат изготвени концепт решенија и предлог проекти за чија реализација ќе се бара поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој (БРР) и Министерството за локална самоуправа (МЛС).
Во електронската анкета учествуваа 86 граѓани од различни општини, институции и организации, кои како приоритетни области и подобласти ги одбраа:
- Прворангирана област „Подобрен квалитет на животната средина во Скопскиот регион“
Подобласти:
- Климатски промени и заштита на воздухот (Намалување на загадувањето на воздухот;Одржливо користење на енергија; Гасоводна дистрибутивна мрежа)-прворангирана подобласт
- Комунална инфраструктура (Развој на системите за водоснабдување; Подобрување на системите за одведување и прочистување на отпадните води и развој на системи за одведување на атмосферските води; Регионално управувањето со отпад)-второрангирана подобласт
- Второрангирана област „Развиен човечки капитал кој одговара на потребите на пазарот на труд и подобрена здравствена и социјална заштита“
Подобласти:
- Зголемување и подобрување на здравствената и социјалната заштита(Подобрување на условите за престој во образовните институции за лица со посебни потреби; Поддршка за отворање градинки и домови за стари лица; Подобрување на условите за движење на лицата со посебни потреби)- прворангирана подобласт
- Зголемување на капацитетите во образовниот сектор (Подобрување на комуникацијата помеѓу образовните институции и приватниот сектор; Поддршка и стимулирање на талентирани деца)- второрангирана подобласт.
Регионалниот форуми во заедницата го реализира Центарот за развој на Скопскиот плански регион (ЦРСПР), со поддршка на МЛС и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Прилог: Извeштај од електронско гласање
No comment yet, add your voice below!