Одржан состанок, воведување во работа за проектот “Реконструкција на регионален пат од с.Орман (општина Ѓ.Петров) до општина Чучер Сандево”. Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа/Биро за регионален развој од Програмата за развој на планските региони за 2020год, а кофинансиран од општина Ѓорче Петров.
Целта на проектот е подобрување на условите за социо-економскиот развој и квалитетот на животот на жителите на с.Орман, Чучер Сандево и Шуто Оризари со што ќе се овозможи непречено функционирање на општините со градот Скопје и Скопскиот регион. Создавање услови за рамномерен развој и намалување на диспаритетите помеѓу урбаните и руралните средини во општините со седиште во град, а воедно и превенција на понатамошна миграција на локалното население на релација село-град. Патот кој ќе се реконструеира е во должина од Л=480м.
Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион со вкупен буџет од 3.521.013,00мкд.
No comment yet, add your voice below!