Центарот за развој на Скопскиот плански регион успешно го реализираше проектот „Инклузивно детско игралиште“ за деца со посебни потреби во општина Карпош. Проектот е финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и кофинасиран од општината Карпош со вкупно средства од 2.647.619,00 МКД.
Овој проект произлезе како резултат на проектната активност “Регионалните форуми на заедницата“. „Регионалните форуми на заедницата“ претставуваа структуиран инструмент за граѓанско учество во развојот на заедницата како и во локалното управување. Со овој инструмент, граѓаните имаа можност да ги изразат своите потреби, проблеми и приоритети и да земат активно учествуво во донесувањеето на одлуките во нивните општини и плански регион. Заедничката акција на сите нивоа и учество на сите чинители, без разлика на пол, возраст, етничка или верска припадност, беа предуслов за генерирање на поодржливи решенија во општеството.
Проектот “Инклузивно детско игралиште“ претставува пресликување на процесот на инклузијата во реалност преку создавање на сигурна и стимулативна заедница за прифаќање и соработка, создавање на простор каде децата со посебни потреби ќе се чувствуваат пријатно и слободно и директно ќе може да комуницираат со останатите деца со и без попреченост.
Со оваа игралиште Скопскиот плански регион и општината Карпош создадоа место каде децата го осознаваат инклузивниот процес и ги отфрлат непотребните предрасуди кои се присутни помеѓу нив. Место каде децата може да ги развиваат физичките, когнитивните, сетилните и социјалните вештини.
Инклузивниот дизајн на игралиштето вклучува баланс на искуства преку игра за градење на сите овие вештини, а истовремено промовираајќи позитивни социјални активности меѓу нив изјави Раководителот на Ценатр за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски во воведното обраќање до присутните.
Проектот е во согласност со националните стрешки документи и стартешките документи на ЦРСПР, во кои изграденоста на техничката и социјална инфраструкура е еден од наведените приоритети, а особено инклузивноста и интеграцијата на децата со посебни потреби и создавањето на еднакви можности за сите. Преку имплементација на проектот Општина Карпош се здоби со прво игралиште од ваков тип, но не само за своите жители, бидејќи преку стратешки одбрана локација, инклузивното игралиште ќе биде идеално за користење од страна на сите жители на Град Скопје.
Проблемот со кои се соочуваат децата со попреченост во Карпош, но и во Градот Скопје е недостигот на детско инклузивно игралиште каде што децата со хендикеп ќе имаат еднаква можност да уживаат во детството со нивните врсници. Сведоци сме дека токму овие деца имаат само 1-2 вакви игралишта на целата наша територија, кои се реално многу малку за да можат квалитетно да го поминат нивното слободно време и да излезат со цел физички да се активираат.
Преку активности и дружење да се надминат стереотипите и да се овозможи поголема социјална инклузија на децата со посебни потреби.
Поради тоа со реализацијата на проектот се овозможи реконструкција на површина од 450м2 на плоштадот Делфина – општина Карпош за да добиеме современо Инклузивното детско игралиште за сите деца.
Изведбата на игралиштето предизвика огромен интерес кај сите децата од општината но исто така и кај родителите на децата со посебни потреби кои нестрпливо го очекуваа завршувањето на истото.
Денес, не толку долго по отварањето и пуштањето на Игралиштето Очекувани резултати се исполнуват со:
- Зголемен број на деца со посебни потреби кои го користат игралиштето
- Подобрени физички, когнитивни и социјални вештини кај сите деца
- Зголемен број на заеднички актвности помеѓу децата
- Унапредување и зајакнување на заедницата , во кусата презентација истакна г-ѓа Розета Арсовска, координатор за регионален развој во Центарот за развој на Скопски плански регион.
No comment yet, add your voice below!