Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски во посета на Општина Гази Баба, оставри средба со претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион г-дин Борис Георгиевски.
Средбата беше од информативен карактер. Се дискутираше за моменталната состојба на центарот, фазите на тековните проектите кои ги спроведува, проектните документации со кои е аплицирано, околу деловните средби со ресорните министерства и градоначалниците од Скопскиот регион и сл.
Согласно повикот за пристап до средства од грантовата шема на УНДП за центрите за развој на планските региони, а во рамките на проектот за унапредување на општинското владеење, Центарот за развој на Скопски плански регион во партнерство со Општина Гази Баба го доби проектот “Изградба на дневен центар за деца со ментална и физичка попреченост во Општина Гази Баба”. Проектот е во почетна фаза.
Преку програмата за регионален развој за 2018 година од Бирото за регионален развој / Министерство за локална самоуправа, Центарот за развој на Скопски плански регион во партнерство со општина Гази Баба го реализираше прокетот “Изработка на Студија и проектна документација за разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора”. Покрај Општина Гази Баба, партнери во проектот се и Општина Илинден и Град Скопје. Изготвената документација претставува појдовна основа за фазно реализирање на зафатите на терен, со кои локалното население, но и развојот и економскиот живот на населените места ќе бидат релаксирани од заканите на ерозивните и поројните процеси на падините на Скопска Црна Гора. Трајното решение за пороите и ерозијата на Скопска Црна Гора ќе обезбеди мирен спокоен живот за дел од жителите на повеќе општини во регионот како и заштита на животната средина не само во околните општини туку и во регионот воопшто.
Во изминатиот период Центарот за развој на Скопски плански регион имаше одлична соработка со Општина Гази Баба со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.
{gallery}novosti/2019/2019.02.05:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!