Skip to content

Во посета на општина Арачиново

ДАТУМ

февруари 6, 2019

Категории

Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со градоначалникот на Општина Арачиново, г-ѓа Миликије Халими.

На состанокот се разговараше за моменталната состојба на општината, проблемикте со кои се соочуваат,  приоритетите кои ги имаат и сл. Во таа насока се разговараше и за проектите кои произлегуваат од општината, а чиј носител е Центарот за развој на Скопски плански регион. Согласно Програмата за регионален развој за 2019 година од БРР/МЛС, Центарот за развој на Скопски плански регион аплицираше во партнерство со општина Арачиново со проектот “Подготовка на техничка документација (основен проект со ревизија) за водоснабдување”. Исто така поднесена е апликација за Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој при Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде носител на проектот “Тампонирање на патишта до земјоделски обработливи површини” е исто така Центарот за развој на Скопски плански регион.

Во тек е разгледувањето и одобрувањето на доставените апликации.

Во 2019 година ќе следи ревидирање на Програмата за развој на Скопски плански регион. За таа цел Општина Арачиново како и останатите општини од Скопскиот регион се очекува да се вклучат и да дадат голем придонес во обновувањето на истата која ќе се спроведе преку дискусии кои ќе произлезат на работилниците кои следат.

{gallery}novosti/2019/2019.02.07 1:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy