Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Светска банка и Министерство за финасии на 14.10.2016 година одржаа информативен настан за вториот проект за подобрување на општинските услови. На настанот присуствуваа дел од градоначалниците како и претставници од седумнаесетте општини во рамките на Скопскиот плански регион. Презентацијата за грантовите и кредитните линии и нивните поволности, ја спроведе г-ѓа Љубица Патлиџанковска, Претставник од Светска Банка во Македонија.
Раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, г-ѓа Розета Арсовска, при воведното обраќање, истакна дека настанот е со цел да се надминат нејаснотиите при подготовката на проектните и техничките документации како и да се надминат грешките за кои што најчесто се има забелешка од евалуационите комисии при Светска Банка.
Во тек е и вториот повик за заеми за подобрување на општинските услуги. Повиците се објавени на веб страната на Министерство за финансии, Министерство за локална самоуправа, Здружението на единиците на локалната самоуправа- ЗЕЛС и веб страните на Регионалните центри за развој на планските региони.
За таа цел, претставникот од Светска Банка, г-ѓа Патлиџанковска направи генерализација на проблемите со кои се соочуваат при разгледување на апликациите од општините, сместувајќи ги во неколку категории: проблеми со техничката документација, каде најчесто се соочуваат со стара документација, проблеми поврзани со имотно правните прашања, каде се појавуваат проблеми со сопственоста, проблеми со подготовката на физибилити студија и постапките на набавка како и проблеми поврзани со имплементацијата, кои се поврзани со градежните зафати, вклучувајќи го и мониторнигот.
Во изминатиот период 58 општини биле вклучени во рамките на претходните повици со реализирани вкупно 70 проекти.
Можност за аплицирање има секоја општина која ги исполнува критериумите за заем.
No comment yet, add your voice below!