Skip to content

Форум за кадровски менаџмент

ДАТУМ

ноември 13, 2015

Категории

Датум:  11 -12 ноември 2015 година (среда и четврток)
Место:  „Скопски саем – сала Дипломатик“ – Скопје
Експерти, претставници на банките и менаџери на човечки ресурси на „Форумот за кадровски менаџмент“ кој се одржа на 11 и 12 ноември на Скопски саем, дискутираа за предизвиците и можностите за развој на компаниите и за вработениот кадар како клучен фактор за успех на компанијата.
Организатори на форумот беа Бизнис центарот на Скопски плански регион, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и општина Аеродром.
Учесниците кои во текот на два дена беа над 87 имаа можност да проследат  презентации и да дебатираат на актуелни теми од кадровскиот менаџмент, како управување со таленти во услови на доверба, трендовите на пазарот на трудот во Македонија,  менаџирањето на вработените во време на организациски промени, , како да комуницираме поефективно и поефикасно, личниот развој на вработениот и коучингот, социјална интелигенција, справување со тешките карактери на работа, како и за реконструирањето на организацијата за воведување на систем на награди и унапредување на работни места.
Розалија Карчицка Василевска, проектен координатор на Бизнис центарот при Скопски плански регион информира дека форумот како потреба е идентификуван во рамки на серијата информативни и советодавни настани за мали и средни претпријатија.
– Поканети се презентери од областа на кадровскиот менаџмент и човечките ресурси кои со своите експертизи, знаења и новите алатки што се применуваат во оваа областа ќе можат да ги запознаат нашите слушатели, претежно малите и средни претпријатија, со тоа како да ја подобрат ефективноста на своите вработени, ефективноста во менаџирањето и како да постигнат поголема профитабилност на своите компании, рече Карчицка Василевска.
Извршниот директор на ССК Митко Алексов истакна дека квалитетното раководење на компанија и нејзиниот успех во голема мера зависи од кадровскиот менаџер, односно од правилното и квалитетно менаџирање со вработените во компанијата и од нивната професионална надградба, како и соодветна внатрешна организација на самата компанија.
– Добриот кадровски менаџмент во една компанија е двигател на напредокот и успехот на истата компанија. Преку личниот развој на вработените и коучингот, компанијата вложува и придонесува за својата зголемена профитабилност, рече Алексов.
[foogallery id=”5065″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy