На ден 31.05.2012год во 11:00 часот се одржи XVII седница на Советот за развој на Скопски плански регион во хотел Континентал. Со седницата раководеше Претседателот на Советот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски.На седницата присуствуваа г-дин Сашо Лазаровски, Заменик Министер за локална самоуправа на Р.М, г-дин Сашо Стефаноски, Државен Секретар во Министерство за локална самоуправа на Р.М, г-ѓа Маја Милошеска, Агенција за странси инвестиции и г-ѓа Светлана Петровска од Таргет Коминикации.
Претседателот на Советот на самиот почеток ги поздрави присутните Градоначалници и присутните соработници и им се заблогодари на нивното присуство. Потоа г-ѓа Светлана Петровска го презентираше изработениот проект ,,Студија за мапирање на инвестициските потенцијали во Скопскиот плански регион”.
Раководителот на ЦРСПР г-ѓа Анета Лозаноска го презентираше Извештајот за имплементираност на Програмата во 2011 година, Акциониот план за имплементација на програмата во 2012 година и Финансискиот извештај на Центарот за 2011 година.
Раководителот на ЦРСПР г-ѓа Анета Лозаноска ги информираше присутните за учество на прв саем на Регионите од Југоисточна Европа (Радовиш Експо 2012година).
No comment yet, add your voice below!