Во просториите на Скопски саем (Дипломатик сала) на ден 24.04.2012год (среда) во 12:30 часот се одржа јавен форум на тема ,,Развојот на туризмот во Скопски плански регион”.
На одржаниот јавен форум учествуваа членовите на Проекниот одбор, претставници од општините( ЛЕР сектор), претставници од Туристички сојузи, претставниците од Развојната Агенција Козјанско, Р. Словенија, консултанската фирма “Инцептум” од Р. Словенија како и Хуманополис Групација ЕРА.
Исто така, на форумот присуствуваше и гостинот од Р.Словенија г-нот Дејан Подгоршек.
Г-нот Дејан Подгоршек, Експерт за дестинациски менаџмент (Р.Словенија), на присутните им ги презентираше моделите на регионалната дестинациска организација со праксата од ЕУ.
Г-дин Рок Хубер на присутните им ги презентираше резултатите од SWOT анализата за Стратегија за развој на Туризмот во Скопски плански регион.
[foogallery id=”5554″]
No comment yet, add your voice below!