Стратегиска кохерентна рамка
Стратегиската кохерентна рамка е стратегиски документ за национални инфраструктурани приоритети кој ги опфаќа компонентите на човечки ресурси и регионален развој; обезбедува концентрација на помошта околу ограничен број на приоритети и обезбедува конзистентност и надополнување помеѓу националните приоритети и приоритетите на Заедницата (МИПД) и различните оперативни програми за двете компоненти.
Целта на Стратегиската кохерентна рамка 2007-2013 е да придонесе кон:
• Проширување и подобрување на транспортната инфраструктура,
• Подобрување на придонесот на животната средина за економски раст и новите работни места,
• Олеснување на иновацијата и промовирање на претприемништвото,
• Привлекување и задржување на повеќе лица на работните места и модернизирање на системите за социјална заштита,
• Зголемено инвестирање во човековиот капитал преку подобро образование и вештини.
Извор www.sep.gov.mk
Секретаријат за европски прашања (СЕП) при Влада на РМ
ИПА е сочинета од следниве 5 компоненти:
Компонента 1 – Транзициска помош и институционална надградба
Компонента 2 – Прекугранична соработка
Компонента 3 – Регионален развој
Компонента 4 – Развој на човечки ресурси
Компонента 5 – Рурален развој
Стратегиска кохерентна рамка
2 Comments
[…] Стратегиска кохерентна рамка […]
[…] Стратегиска кохерентна рамка […]