Денеска беше одржана Работна средба меѓу Министерот на Министерство за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ и директорите на центрите за развој на планските региони, на која беа потпишани анексите на договорите за соработка за 2026 година, со кои се овозможува исплата на дополнителни 15 милиони денари, односно по 1.875.000 денари за секој центар.
Со дополнителните средства, вкупната финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа за активностите на осумте центри во 2026 година изнесува 24,6 милиони денари, односно по 3.075.000 денари за секој центар.
Средствата се наменети за реализација на активностите и задачите утврдени во Член 30 од Законот за рамномерен регионален развој, во согласност со развојните приоритети на планските региони.

No comment yet, add your voice below!