Skip to content

„Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“

ДАТУМ

мај 6, 2022

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регион со особена радост, Ви ја соопштува веста дека денеска на 06.05.2022, успешно го реализира проектот: „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“, финансиски поддржан од Владата на Република Северна Македонија, со кој учениците од опфатените училишта од трите општини добиваат вкупно 54 интерактивни дигитални табли за поубаво, полесно и современо школување. Завршницата на проектот е реализирана со извршен увид на квалитетот на монтажата, функционалноста и употребата на дигиталните табли од страна на Центарот за развој на Скопски плански регион, претставуван од раководителот Љупчо Кец Мицковски и Проект Координаторот Регина Икономовска, во присуство на назначените координатори на трите општини, директорите на училиштата, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на општина Карпош, Стефче Јакимовски и  Во агендата на посетените општини беа посетени училиштата Круме Кепески во О. К. Вода, Димо Хаџи Димов во О. Карпош и Ѓоргија Пулевски во О. Аеродром. Она што овој проект го прави исклучителен е задоволството на децата, наставниците и сите кои дадоа придонес во реализацијата, токму заради интересот и интеграцијата на иновативните пристапи, кои поминаа во пријатна атмосвера и со радосни лица на оние кои се најважни за нашето општество, учениците. Центарот за развој на Скопски плански регион, кој е носител на проектот им посака убава завршница на училишната година, оптимално користење на новите табли и мотивација за што подобар успех .

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy