„Центарот за развој на Скопски плански регион беше домаќин на „Работилница за Советите на социјална заштита“, со цел зајакнување на капацитетите на општините и центрите за развој на планските региони во улогата за подобрување на животниот стандард, квалитет и благосостојба на животот граѓаните и спречување на социјалната исклученост. Работилницата ја водеше Елена Кочова, активист и експерт за човекови права и попреченост која со својата концептуална презентација отвори корисни прашања и разви одлична дискусија меѓу присутните. На работилницата фокусот беше на социјалната сигурност на граѓаните без разлика на идентитетските карактеристики. Ва првата сесија беа идентификувани постоечките услуги за обезбедувањето на инклузивна заедница, а потоа во следните сесии се презентираа принципите и пристапите кон креирање на социјалните услуги на регионално ниво.
Во работна атмосвера и рапределба по групи од тимови, присутните работеа на идентификување на проблемите и надминување на предизвиците со предлог решенија и иницијативи од кои произлегоа заклучоците дека потребна е поголема синергија, соработка и вмрежување меѓу советите за социјална заштита, центрите за развој и институциите, подобрено мапирање на целните групи, студиозна анализа на состојбата, категоризирање на услугите и информирање на граѓаните преку соодветна и ефективна промоција на мерките за социјална заштита. Главната цел на работилницата е да ги соочи и вмрежи сите зсегнати страни во една функционална инклузивна заедница и да ги интегрира Советите за социјална заштита на планските региони како значајна алка во системот.
Резултатот и дискусијата на крајот покажаа дека вакви работилници се повеќе од потребни заради комплексноста на уредувањето на социјалната заштита и инсистира на темелна и сплотена работа во сите сегменти за да се постигне вистинска инклузивна кохезија.“
No comment yet, add your voice below!