Центарот за развој на Скопски плански регион, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за регистрација и присуство на учеснивци на еднодневен
„Информативен настан за развивање на континуирани програми за менторство за заинтересирани организации и практиканти“
Центарот за развој на Скопски плански регион, во својство на партнер/ Ко-апликант 1 во прекуграничнот проект од ИПА 2 програмата на ЕУ Македонија Србија, организира: Информативен и едукативен ден – работилница за изработка на програма за практикантска работа за заинтересирани организации во Р.С.Македонија.
1. Локација и време: Информативно-едукативниот ден е конципиран во еднодневна работилница, наменета за изработка на програма за практикантска работа за сите соодветни организации согласно критериумите од програмската рамка на проектот ШАНСА ЗА ТЕБЕ и истиот ќе се одржи во Скопје, Хотел Панорамика Дизајн, на 19.05.2024 година.
2. Целни групи: Целни групи се заинтересирани организации за воведување практиканти во нивните организации, во чии рамки спаѓаат мали и средни претпријатија, претпријатија во сопственост или управувани од жени, ГО, занаетчиски, земјоделски стопанственици како и бизнис здруженија, со определен број од 20 учесници. Повикот е наменет за балансиран број на претставници од наведените категории мали и средни компании центри/организации за обука и стручно образование, како и за заинтересирани кандидати за идни практиканти кои сакаат да ги надградат и зајакнат своите стручни вештини.
3. Корисници на проектот (кој може да се пријави?): Јавниот повик е отворен за корисници од Североисточниот регион и програмски опфатениот дел од Скопскиот регион, во кои спаѓаат малите и средни претпријатија/центри за стручно образование и обуки и практиканти кои сакаат да ги зајакнат своите вештини во рамки на следната класификација: занатчиски работилници; регистрирани земјоделски стопанства; бизниси/фирми во сопственост или управувани од жени; формални и неформални образовни институции од прекуграничната програмска област.
Предност при селектирањето во јавниот повик имаат секторите кои се во просперитет, односно: C Преработувачка индустрија 4; G Трговија на големо и мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли 4; H Транспорт и складирање 5; Ј Информирање и комуникации 3 и М Стручна, научна и техничка дејност.
4. Целта на настанот е да се информираат целните групи за предностите од воведувањето на програмата за практикантска работа и да се едуцираат учесниците како да пристапат кон процесот во нивните организации, имајќи ги предвид законските регулативи во Р.С.Македонија.
5. Дополнителни информации: Контакт лица за кандидати/корисници за сите информации се Регина Икономовска, Координатор за регионален развој и приватен сектор во прекуграничниот регион и Комуникациски Менаџер regina@skopjeregion.gov.mk , и Ирина Тростјанска, Коодринатор за стручно образование и обуки и специјалист за јавни набавки, Ирина Тростјанска irina.trostjanska@skopjeregion.gov.mk адреса: Центар за развој на Скопски плански регион Бул. Климент Охридски , бр 68, III кат, Европски универзитет
Проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ (бр. 48-00-00164-2021-28-3) во рамките на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Северна Македонија 2016-2020 е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион, партнери од македонска страна и Центарот за развој на Јабланичко –Пчињскиот округ и општината Власотинце, партнери од српската страна во прекуграничната програмска област. Овој проект е кофинансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област на Србија и Северна Македонија. Проектот се фокусира на воведување нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел да се поддржи вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област и да се зголемат капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програми за вработување. Во оваа смисла, проектните партнери организираат еднодневна информативна и едукативна работилница за развој на континуирана програма за менторство/стажирање за заинтересирани организации.
Организатор на настанот: Центар за развој на Скопски плански регион, Р.С.Македонија (Ко-апликант 1/ко-корисник 1) заедно со проектните партнери: Центар за управување со знаење, Скопје, Р.С. Македонија (главен апликант/координатор); Центар за развој на Јабланичко Пчињскиот округ, Србија (Ко-апликант 2/ко-корисник 2) и општина Власотинце, Србија (Ко-апликант 3/ко-корисник 3).
No comment yet, add your voice below!