Skip to content

Студиската посета на Нова Горица, Словенија и Гориција, Италија

ДАТУМ

ноември 11, 2023

Категории

Студиската посета на Нова Горица, Словенија и Гориција, Италија опфати квалитетна и динимачна агенда која освен целта да се имплементира еден одличен модел на прекугранична соработка, постигна многу повеќе, ги зближи и вмрежи регионите, нивните претставници, отвори многу можности и создаде нови прекугранични пријателства. Проектот „Шанса за тебе“ (Opportunity4you) го оправда името станувајќи „шанса за сите“, за зајакнати и нови партнерства, предизвици, идеи, иновации и можности за отворена мобилност и ефективна вработливост.

Проектот е заедничка иницијатива на 4 прекугранични партнери: Центарот за управување со знаење од Скопје, Центарот за развој на Скопскиот плански регион, Центарот за развој на Јабланичката и Пчињската област од Лесковац и општината Власотинце. Партнерите на проектот  иницираа заедничкото истражување за вработливост и прекугранична мобилност на работната сила во прекуграничната област на Србија и Северна Македонија, кое резултираше со ефективна и студиозна посета, чии плодови се знаењата, моделите и „отворените врати“ во шансите за вработување.

Делегацијата предводена, организирана и спроведена од партнерите во проектот, беше во состав на претставниците на прекуграничните општини во прекуграничната област Македонија – Србија. На студиската посета присуствуваа 6 градоначалници од проектно- таргетираните општини во Скопскиот плански регион, во придружба на тимот координатори и директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Г-дин Јане Мицевски, со што се овозможи квалитетен и оптимален аудиториум за имплементација на прекуграничниот модел  во развојните планови за мобилност и вработливост. Студиската посета ги опфати: Општина Нова Горица,  Регионалниот центар за вработување во Стара Горица, Приморскиот технолошки парк во Словенија, Општината Гориција и Х- центарот во Италија, како  и Општината Мирен во Словенија каде што беше посетена симболичната спомен кула на мирот чиј камен темелник е подигнат од поранешниот претседетел на Словенија Г-дин Милан Кучан.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион изразува чест и благодарност за успешно спроведената логистика од кворумот на посетитителите од македонската страна, особена благодарност за издвоеното време и посветеноста на проектот од страна на градоначалниците од скопскиот регион, како и за гостопримството и одлично споделените примери и практики од страна на словенските и италијанските домакини:

  • Претставниците на Кабинетот на Градоначалникот на Нова Горица, Г-дин Само Турел, говорниците Г-дин Симон Мокорел и Г-дин Марко Микулин;
  • Претставничката на Регионалниот центар за вработување во Гориција, Италија, Г-ѓа Сесилија Иларија;
  • Претставниците на Приморски Техноошки парк, директорката Г-ѓа Тања Кожух, Г-дин Митја Микуж и Г-ѓа Бојана Ципот,
  • Заменик градоначалничката Г-ѓа Кјара Гатта, од општина Гориција, Г-ѓа Патриција Артико и  Г-ѓа Ника Дурник, како претстваник на територијалното  здружение на прекугранична соработка од 3 конзорциарни општини што е интересна и добитна форма за апликации и проекти од еу, како и за нивното претставувањето на проектот GECT GО/ EZTS GO за Гориција како Град на културата во 2025, титула која Скопје треба да ја понесе во 2028 год.

Благодариме за можноста да бидеме фасилитатори и партнери во проектот „Шанса за тебе“ и линк во идните генерирања на резултатите од него, како и за шансата што ја гледаме во Македонија како витален и фрекфентен дел од „Отворен Балкан“ во кој младите безгранично, и по примерот на проектот Go! „borderless“ ќе ги шират, јакнат и споделуваат своите знаења, работни вештини, градејќи ја својата стабилна и слободна иднина.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy