Центарот за развој на Скопски плански регион успешно реализира уште еден проект ,,Изградба на пешачка патека во с.Петровец, траса по пат Р1102 во Општина Петровец во партнерство на општините Гази Баба и Илинден.
Со изработката на овој проект се овозможува подобрување на транспортот и развој на транспортната и комуникациската инфрструктура и подобрување на мобилноста.
Поголемата поврзаност помеѓу населените места од Општина Петровец, Општина Илинден и Општина Гази Баба, и безбедна и проточна патна траса на дел од пат Р1102 претставува значајно подобрување на кавалитетот на животот на жителите од сите три општини.
Средствата за проектот се обезбедени од страна на Биро за регионален развој/Министерство за локална самоуправа и се во вредност од 6.358.052,00 денари.
[foogallery id=”7973″]
No comment yet, add your voice below!