Центарот за развој на Скопски плански регион , денеска одржа онлајн сесија на која беа презентирани резултатите од Регионалните форуми на заедницата за идентификација на предлог-проекти за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој (МЛС/БРР).
На конференцијата присуствуваа над 20 учесници кои претставуваат институции, општини, невладини организации, бизнис секторот како и академската фела кои земаа учество на Регионалните форуми на заедниците.
На сесијата модераторот, Жаклина Цветковска, ги презентираше активностите кои беа превземени за време на форумскиот процес како и резултатите од идентификацијата на стратешки приоритети, проблеми/потреби, приоретизирање на концепт решенијата и подготовката на предлог проекти.
Презентација на предлог проектите подготвени од страна на надворешниот консултант ги презентираше проф. Светлана Петревска. Консултантот ги нагласи продобивките од користење на Регионалните форуми на заедницата, како нова алатка, за поголема граѓанска партиципативност со која која се искажуваат потребите и приоритетие на граѓаните во Скопскиот плански регион.
Регионалните форуми во заедницата се спроведуваат со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот„Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2017-2020“.
No comment yet, add your voice below!