Центарот за развој на Скопски плански регион заврши со реализација на проектот,,Изградба на потпорни ѕидови и плоча од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ, Општина Гази Баба -I фаза” кој е во партнество со општините Гази Баба и Арачиново.
Проектот се однесува на изградба на потпорни ѕидови и плоча за уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ кој е целосно во функција на граѓаните корисници на објектот.
Со реализација на проектот се овозможи уредување и регулирање на дел од каналската мрежа во регионот, заштита на водните ресурси и почвата, намалување на ризиците за штети што ги имаат жителите на целиот регион, и со самото тоа се отвораат нови можности за изградба на плоштад, модерна автобуска постојка како и паркови за рекреација.
Вредноста на проектот изнестува 5.458.720,00 денари. Средствата ги обезбеди Бирото за регионален развој /Министерство за локална самоуправа и Општина Гази Баба.
[foogallery id=”7776″]
Завршена реализација на проектот,,Изградба на потпорни ѕидови и плоча од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ, Општина Гази Баба -I фаза”
ДАТУМ
декември 11, 2020
Категории
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!