Skip to content

„ПАДРИОН“ ВО НИШ НА 5-ТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СРЕДБА „ОД МОДЕЛ ДО ЗАЛОЖБА

Центарот за развој на Скопски плански регион заедно со проектните партнери од земјите учеснички во проектот ПАДРИОН, се состанаа на тродневна работна средба во Ниш, Србија, под мотото „Водени од нашата ѕвезда водилка: од модел до заложба“.

Фокусот на средбата во рамки на ПАДРИОН кој ја достигна фазата на својата зрелост, беше да се изнесат резултатите: од прототип и пилотирање, до тестирање и презентација на дигиталните алатки со кои се претставија 3-те кластери.

Во рамки на „Кластерот 3“ (Лепида, Болоња, Италија – Пјаченца, Италија – ЦРСПР, Р.С.Македонија), центарот претставуван од в.д. Директорката Розета Арсовска и Координаторот за регионален развој Регина Икономовска, ја презентираше функционалноста на алатката: „Прашалник за дигитална писменост, пристап, вештини и самодоверба во дигиталната трансформација на локално ниво“, со фокус на дигиталните потреби на жените во Скопскиот регион. Задачата на македонскиот тим на ПАДРИОН беше од општинското пилотирање, да се воспостави регионална имплементација на подобрен, генериран модел на алатката која е фукционална, применлива и адаптибилна на сите локални контексти на кои им е потребна мерливост и анализа на дигиталната зрелост.

Во рамки на Агендата беа опфатени неколку клучни точки:

  • Интерактивна презентација на нацрт-Меморандумот за разбирање,
  • Важноста на заедницата во ерата на вештачката интелигенција
  • Спроведување на интерактивна Работилница „Ѕвезда Водилка“  и
  • Тестирање и претставување на алатките во Мултифункционалниот културен центар-Пирот.

Средбата беше заокружена со одржувањето на 10-тиот Оперативен одбор и 6-ти Управен одбор на ПАДРИОН, и насоки за следните чекори од страна на Комитетот за следење на Програмата ADRION.

Соседна Србија, покрај актуелните изборни процеси на политичката сцена, се покажа како одличен домаќин на меѓународната средба која вклучуваше и краток историски разглед на градовите Пирот и Ниш.

ПАДРИОН со оваа средба покажа дека земјите во Јонско-јадранскиот регион освен што имаат заеднички визии за синергија во дигиталната трансформација, заеднички градат мостови на пријателства и долгорочни партнерства.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy