Skip to content

Бирото за регионален развој во работна посета кај Центарот за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

January 29, 2026

Категории

,

Денеска во Центарот за развој на Скопски плански регион беше одржана конструктивна работна посета од страна на Бирото за регионален развој, како една од закажаните средби со 8-те плански региони во државата со цел да се увиди нивната состојба со идните планови и активности чиј фокус е регионалниот развој. Со Вд. Директорот на бирото Г-дин Амет Имери во придружба со претставниците од неговиот тим, се дискутираше за регионалната слика и предизвиците кои им претстојат на планските региони со цел да се повлечат иницијативи и да се изнајдат решенија за нивната подобра функционалност, која е во директна врска со нивното финансирање. На состанокот се разгледуваа можностите за реализација на планираните проекти и новите тековни влијанија кои се рефлектираат на центрите за развој, со заклучок дека потребна е дискусија на повисоко ниво со матичното министерство Министерство за локална самоуправа и владата, со цел подобро да се структурираат во заедничката работа на регионалниот развој.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy