Центарот за развој на Скопски плански регион во синергија со Министерство за дигитална трансформација – МДТ, како еден од клучните субјекти во опфатените чинители во Р.С. Македонија како партнерска земја во проектот ПАДРИОН кој се имплементира во Јонско-јадранскиот регион, одржа состанок со цел да се формулира содржината на прашалникот наменет за избраната општина Гази Баба која е предмет на анализа на дигиталната зрелост на населението со фокус на жените во руралната средина и претприемаштвото. Прашалникот беше структуриран врз основа на препораките на назначено лице од МДТ во работната група, а синергијата со неговото спроведување би се постигнала преку вмрежување на анализите, резултатите и плановите за синхронзиран дигитален развој, преку информациите за идните планови предвиени во мерката за пристап до обуки за дигитални вештини. Станува збор за проактивна комуникација и размена на податоците од анализите во делот на предвидените промотивни активности за менторски програми за жени со цел да се постигне поголема инклузија во напредните технологии и јавната администрација. Импактот од резултатите на прашалникот, значи идентификација на потребите на жените од руралната средина со различен опфат на возраст, демографска определба, образование, работен статус и сл. и придонес во статистиките со пресек на локално ниво, а во корист на националните стратегии, кои се однесуваат на жените во процесите на дигиталната трансформација.
ПАДРИОН продолжува со следната активност, дистрибуција на прашалникот во рамки на општината Гази Баба, врз основа на нејзините мапирања, преку дата базите и изборот на пристапност.
No comment yet, add your voice below!