Денеска во Општина Аеродром, беше одржана Конститутивна Седница на Советот за развој на Скопски плански регион која отпочна со честитка за мандатите на избраните градоначалници кои ја добија поддршката од гласачите на последните локални избори. На седницата беше избрана Комисија за верификација на мандатите на членовите на Совет за развој на Скопски плански регион, по чиј извештај истите беа едногласно верификувани. На предлог на Градоначалникот на Аеродром, Г-дин Дејан Митески во својство на Претседавач на Седницата, за нов Претседател на советот, беше едногласно избран Градоначалникот на Сопиште, Г-дин Јане Мицевски. Исто така беа усвоени финансовиот и акциониот план за 2026 година на Центарот за развој на Скопски плански регион, и донесени одлуки за распишување на јавен повик за избор на член –претставник од здруженијата за Советот и отпочнување на постапката за избор на претставник од бизнис заедницата како член во Советот. На крајот, многуте честитки, беа заокружени со продолжување на мандатот на актуелниот Вд. Директор на Центарот за развој, Г-ѓа Розета Арсовска, чија поддршка од страна на градоначалниците беше оправдана и заслужена. Таа се заблагодари за довербата, и ја заокружи седницата со кратко претставување на капацитетите на центарот за новоизбраните градоначалници во регионот, во насока на идните соработки и можностите за заеднички проекти, зад кои стои одличен тим со иницијатива кон предизвиците во регионалниот развој.








No comment yet, add your voice below!