Во седиштето на Центарот за развој на Скопски плански регион, денеска беше одржана XXIV –Седница на Советот за развој на Скопски плански регион со седум точки од Дневниот ред. По Усвојувањето на записникот од претходната седница, како втора точка следеше Информација за спроведувањето на регионалното Управување со отпад, проследена со презентација од м-р Ана Каранфилова Мазневска, Раководител на сектор за управување со отпад. Со презентацијата насловена како „Воспоставување на итегрирано регионално управување со отпадот во Скопскиот регион“, беше разјаснет регионалниот концепт и планот за оперативност, почнувајќи од обврските согласно Законот за управување со отпад, Начинот на финансирање со можност за грант од ЕУ, а потоа беа разложени решенијата за примарната селекција и индустрискиот отпад. Третата точка која беше усвоена се однесуваше на Предлог Одлуката за усвојување на Правилникот за измена и дополна на Правилникот за внатрешна организација на стручната служба на центарот, по која следеше и Предлог Одлуката за давање на Позитивно Мислење на Правилникот за измена и дополна за систематизација на работните места која исто така беше усвоена. На седницата беа преотстапени, објектот од проектот ,,Инвестиција во Фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата средина, на општина Кисела Вода и објектот од проектот „Приказната Продолжува“ на општина Ѓорче Петров, како корисник и ко-финансиер. Претставникот на општината даде краток осврт за проектот финансиски поддржан од Швајцарската Агенција за развој и Министерството за локална самоуправа кој претставува реконструкција и адаптација на поранешно основно училиште во с. Кучково, во нов регионален Центар за рехабилитација и ресоцијализација на деца лекувани од малигни заболувања. Проектите беа поздравени со честитки за успешната реализација што укажува на продуктивноста на Центарот за развој кој одговорно и посветено работи во насока на регионалниот развој.
No comment yet, add your voice below!