Skip to content

Промоција на завршен проект „Конзервација и реставрација на калдрма на ул.”Папуџиска” во споменичката целина „Стара скопска чаршија“

ДАТУМ

January 24, 2025

Категории

В.д. директорот на Центар за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска, заедно со координаторот на проектот„Конзервација и реставрација на калдрма на ул.”Папуџиска” во споменичката целина „Стара скопска чаршија“, г-ѓа Ирина Тростјанска, градоначалникот на Општина Чаир г-дин Висар Ганиу, директорот на Бирото за развој г-дин Даут Мемиши и  членови на занаетчискиот Еснаф на чаршијата, направија увид по завршувањето на реконструкцијата на калдрмата на улицата Папуџиска. Овој проект, покрај тоа што го зачувува историското и културно наследство на Старата чаршија, носи и големи придобивки за туристите и воопшто за граѓаните кои секојдневно ја посетуваат чаршијата. Со оваа интервенција се создаде пофункционален, естетски и безбеден простор, кој не само што привлекува повеќе посетители, туку и ги подобрува условите за локалните бизниси и жителите во околината. Реконструкцијата вклучува конзервација на калдрмата, поставување на урбана опрема, интеграција на оптичка интернет мрежа од телекомуникациски оператори и санација на водоводна мрежа во овој сегмент. Проектот е финансиран од страна на Биро за регинален развој-Министерство за локална самоуправа и Општина Чаир.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy