Skip to content

Центарот за развој на Скопски плански регион започна со имплементацијата на проектот ПАДРИОН

ДАТУМ

јануари 22, 2025

На 3 и 4 декември 2024 година, се одржа првичниот состанок на проектот PADRION (Соочување на Јавните администрации со процесот на дигитална трансформација како заедница во областа ADRION), во Терза Торе, во Болоња, во регионот Емилија-Ромања.

Проектот PADRION, кој е кофинансиран од Interreg IPA ADRION програмата, е предводен од организацијата Lepida од Болоња, Италија. Центарот за развој на Скопски плански регион е еден од деветте партнери во овој проект.

Состанокот беше отворен со добредојде од страна на домаќините од регионот Емилија Ромања, кои ја презентираа регионалната дигитална стратегија. На настанот, присуствуваа претставници од Центарот за развој на Скопски плански регион, како и претставници на проектните партнери од Албанија, Хрватска, Грција, Италија, Црна Гора и Србија со цел да се започне иницијатива која ќе промовира дигитална трансформација во рамките на Јавните администрации (ЈА) на Јадранско-јонскиот регион.

Главната цел на PADRION е да развие локални дигитални агенди, тематски заедници на практики и тестирање на иновативни решенија преку пилот проекти, со што ќе се создаде модел кој може да се реплицира во различни територијални контексти. Овој пристап има за цел да ги направи дигиталните услуги подостапни, инклузивни и усогласени со реалните потреби на локалните заедници, истовремено поттикнувајќи ја соработката меѓу институциите, граѓаните и бизнисите.

За време на состанокот, партнерите ги дефинираа првичните чекори за имплементација на проектот, вклучувајќи го работниот план и организационите и финансиските аспекти на проектот. Централниот дел од средбата беше посветен на работилницата за групни активности. Во првата „група на активности“, партнерите ги споделија дигиталните политики што веќе се во сила во нивните земји, и со вежба за мапирање ги опфатија конкретните искуства, алатки и пристапи. Во втората сесија на работилницата, учесниците работеа на дизајнирање на ефективни и прилагодливи дигитални политики, способни да ги интегрираат идентификуваните добри практики, поставувајќи ја основата за развој на моделот PADRION.

Партнерите на PADRION ќе потпишат и Меморандуми за соработка за да ја потврдат својата посветеност кон придонесот во дигиталната транзиција. Почетната средба претставуваше прв, важен чекор кон заедничка, инклузивна и одржлива дигитална трансформација, која ќе донесе придобивки за целата Јадранско-јонска област.

 

PADRION – Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација како заедница од областа АДРИОН

 

Programme: IPA ADRION

 

Проектот ПАДРИОН (Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација како заедница од областа АДРИОН) е 36-месечен проект кофинансиран од програмата Интеррег ИПА АДРИОН. Проектот ја зајакнува иновативноста во јавните администрации преку соработка на партнери од 7 земји од Јадранско-јонскиот регион: Албанија, Хрватска, Грција, Италија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

ПАДРИОН се фокусира на развивање алатки како што се локални дигитални агенди и тематски заедници, креирање на репликативни модели, пилотирање на приспособени решенија и доставување заеднички акционен план со насоки за долгорочна одржливост. Локалните заедници, јавната администрација и бизнисите директно ќе имаат корист од тестираните решенија, кои ќе бидат подготвени за усвојување и унапредување по нивната валидација.

Проектот ПАДРИОН има за цел да придонесе дигиталната трансформација во Јадранско-Јонскиот регион која ќе биде прилагодена на локалниот контекст, премостувајќи нееднаквости и креирајќи можности за сите.

За да се гарантира континуирана соработка по завршување на проектот, ќе биде потпишан Меморандум за соработка (МоР) меѓу партнерите и ќе се формира постојана работна група за поттикнување на постојана размена на информации и искуства, обезбедувајќи континуиран развој и адаптација на резултатите на ПАДРИОН .

 

Веб страница на проектот:  (достапна наскоро)

 

 This project is co-funded by the European Union through the Interreg IPA ADRION programme under Agreement IPA-ADRION00131.

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy