Skip to content

XX (дваесетта) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион

Денеска во општината Петровец, се одржа XX (дваесетта) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион, на која едногласно беше избран новиот претстедател на Совет, Градоначалникот на Општина Зелениково, Г-дин Коста Маневски. На седницата, согласно Дневниот ред  беа изгласани и точките кои се однесуваа на Предлог- Одлуката за одобрување на Комуникациска стратегија на Центар за развој на Скопски плански регион, Предлог – Одлуката за менаџирање на ЦРСПР за реализација и имплементација на проекти за општините, како и Предлог – Одлуката за утврдување на годишната листа на предлог проекти за развој на Скопски пласнки регион за 2024/2025 година. Седницата заврши со честитки на новоизбраниот претседател на Совет, на местото на досегашниот претседател, Градоначалникот на Општина Петровец, Г-дин Борче Митевски кој зад својот мандат остави динамична и продуктивна година, полна со активности кои позитивно се одразија на Скопскиот регион. Центарот за развој на Скопски плански регион, им честита и на двајцата претседатели, на претходниот за успешното предводење на советот, а на новиот за идните развојни предизвици.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy