Skip to content

Јавен оглас за менторска поддршка

ДАТУМ

јуни 13, 2024

Категории

OPPORTUNITY4YOU | ШАНСА ЗА ТЕБЕ

Центарот за развој на Скопски плански регион, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

Во рамки на  проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“

за

Менторска поддршка за верификација на програми согласно потребите на компаниите кои се регистрирани во програмската област на проектот

1)  Целни групи: Повикот е отворен за компании кои се регистрирани во програмски опфатената област на прекуграничниот проект „Шанса за тебе“ во чија територија спаѓаат сите општини во рамките на Североисточниот регион и периферните/рурални општини во Скопскиот регион: Сопиште, Илинден, Студеничани, Петровец, Зелениково, Чучер Сандево и Арачиново вклучително со трите урбани општини кои влегуваат во Градот Скопје, Ѓорче Петров, Сарај и Бутел.

2)  Корисници на проектот (кој може да се пријави?): Јавниот повик е отворен за корисници од Североисточниот регион и програмски опфатениот дел од Скопскиот регион, во кои спаѓаат  претпријатијата од следната класификација: занатчиски работилници; регистрирани земјоделски стопанства; бизниси/фирми во сопственост или управувани од жени; формални и неформални образовни институции од прекуграничната програмска област (членови на прекуграничната мрежа за труд мобилност и развој на вработување).

Предност при селектирањето во јавниот повик имаат секторите кои се во просперитет, односно: C Преработувачка индустрија 4; G Трговија на големо и мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли 4; H Транспорт и складирање 5; Ј Информирање и комуникации 3 и М Стручна, научна и техничка дејност.

3) Цел: Овозможување на безплатен менторски процес од страна на јавно избрани стручни експерти за менторирање на програми за верификација, на компаниите кои имаат потреба за преквалификација и доквалификација на потребните/дефицитарните кадрови ресурси. Менторскиот процес ќе отпочне откако ќе се приоретизираат и изберат 5 компании, кои ги исполниуваат  зададените критериуми во проектот и ќе трае до 31. 08. 2024, а ќе се одвива низ неколку фази:  од идентификација на потребата на програмата, преку развој на истата и пилот тестирање на програмата до конечна програма, подготвена за верификација, согласно понатамошните процеси на нејзината интеграција во системот на верифицирани програми. Основниот критериум за избор е седиштето на компанијата или нејзина подружница да биде со регистрација во програмски опфатениот дел (погоре наведен со опфатот на општини), придружен со дополнителните препорачливи критериуми:

-да биде од 5-те погоре наведени приоритетни индустрии, со цел да се постигне диверзитет на просперитетните сектори и да бидат рамноправно опфатени сите.

-да бидат мали и средни компании (препорачлив, но флексибилен критериум заради потребата од вреификувани програми на сите компании)

4) Дополнителни информации: Контакт лице за кандидати/корисници за сите информации е Регина Икономовска, Координатор за регионален развој и приватен сектор во прекуграничниот регион и Комуникациски Менаџер regina@skopjeregion.gov.mk

5) Рок за пријавување: до 13.06.2024, на погоре назначените маил адреси или на креираниот линк на официјалната страна на проектот „Шанса за тебе“. Потребно е да назначите дека сте заитересирани за менторска поддршка, и да го наведете целосното име на вашата компанија како и адресата на нејзиното седиште, регистрирано во Централен регистер, на Р.С.Македонија.

Проектот „ШАНСА ЗА ВАС“ (бр. 48-00-00164-2021-28-3) во рамките на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Северна Македонија 2016-2020 (во натамошниот текст: Проектот) е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион, Р.С.Македонија, Центарот за развој на Пчињско Јабланичката област, Лесковац и општина Власотинце, Србија (во натамошниот текст: партнери на проектот ). Овој проект е кофинансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област на Србија и Северна Македонија. Проектот се фокусира на воведување нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел да се поддржи вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област и да се зголемат капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за имплементација на програмите за вработување. Во оваа смисла, проектните партнери организираат еднодневна информативна и едукативна работилница за развој на континуирана програма за менторство/стажирање за заинтересирани организации.

Организатор на јавниот повик: Центар за развој на Скопски плански регион, Р.Македонија (Ко-апликант 1/ ко-корисник 1)

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy