Skip to content

Конзервација и реставрација на калдрма на ул.Папуџиска во Скопска чаршија со поставување на урбана опрема

ДАТУМ

јуни 10, 2024

Категории

,

Директорот на Центар за развој на Скопски плански регион г-дин Јане Мицевски, заедно со координаторот на проектот „Конзервација и реставрација на калдрма на ул.Папуџиска во Скопска чаршија со поставување на урбана опрема“, г-ѓа Ирина Тростјанска, денес одржаа состанок со Општина Чаир и изведувачот МАКАУС ДООЕЛ каде и се изврши отпочнување со градежните работи. Улицата “Самарџиска“ со споредните улици е седиште на старите и традиционалните занаети и од улиците со најголем капацитет и е најфреквентна, поради тоа има и големи оштетувања. Таа е проектирана и изведена како пешачка улица, но со можност по неа по потреба да се одвива моторен сообраќај исклучиво за снабдување назанетчиите и еснафот.Со текот на времето настанати се оштетувања на калдрмата на улицата. Токму со реализација на овој проект ќе придонесеме кон ревитализирање на веќепостоечката патека, со отсранување на оштетените камен плочи и замена за нови. Проектот ќе  придонесе кон подобрување на туристичка понуда во Стара Чаршија како и зголемување на бројот на туристи. Исто така, проектот ќе резултира со привлекување на инвестиции со оглед на подобрување на патната инфраструктура и се очекува подобрување на туристичката и услужната понуда преку понатамошно инвестирање во развојот на понудата. Соодветно на условите, активностите се очекува да завршат во предвидениот рок. Проектот е финансиран од страна на Биро за регионален развој и Општина Чаир.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy