Центарот за развој на Скопски плански регион вчера го реализираше еднодневениот „Информативен настан за развивање на континуирани програми за менторство за заинтересирани организации“, на кој присуствуваа мали и средни компании/центри за стручно образобвание и вештини (вет центри) и кандидати за пракѕтиканти. Овој настан е дел од низата активности во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Северна Македонија 2016-2020 и претставува заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион како партнери од македонска страна и Центарот за развој на Јабланичко –Пчињскиот округ и општината Власотинце, партнери од српската страна во прекуграничната област.
Настанот беше показател дека повеќе од потребно е вмрежувањето на компаниите и практикантите со цел директно да се инфдормираат за предностите од воведувањето на програмата за практикантска работа и да се едуцираат учесниците како да пристапат кон процесот во нивните организации, имајќи ги предвид законските регулативи во Македонија.
Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и има за цел да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област на Србија и Северна Македонија. Фокусот е на воведување нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел да се поддржи вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област и да се зголемат капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програми за вработување.
No comment yet, add your voice below!