Skip to content

Потпишан договорот за проектот”Изработка на техничка документација со ревизија и физибилити студија за изградба на центар за отпад со компостара”која ќе ги опфати општините,Центар,Гази Баба и Илинден.

ДАТУМ

ноември 21, 2023

Категории

Директорот на Центар за развој на Скопски плански регион Г-дин Јане Мицевски, денес го потпиша договорот за проектот ”Изработка на техничка документација со ревизија и физибилити студија за изградба на центар за отпад со компостара ”која ќе ги опфати општините, Центар, Гази Баба и Илинден. На настанот присутни на потпишување на договорот беа министерот за локална самоуправа Г-дин Ристо Пенов, Г-дин Армен Григорјан постојан претставник на УНДП, Г-дин Рамиз Реџепи директор на Бирото за Регионален Развој, Г-дин Микаел Атерхог раководител на развој на соработка на Шведска, градоначалници на општини и директори на центри за регионален развој (добитници на грантови) Покрај главната цел на настанот, во оваа прилика се дискутираше и за планираните идни активности во рамките на Фондот за техничка документација. Посебен осврт се даде на плановите за негово институционализирање како постојан механизам за финансиска и техничка поддршка на локалните самоуправи во подготовката на висококвалитетна техничка документација и целокупното управување со градежни проекти во општински контекст.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy