Денеска во просториите на Стопанска комора, Центарот за развој на Скопски Плански регион ја одржа првата форумска сесија по повод овогодинешната реализација на”Регионални форуми на заедницата”, во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој-2 фаза”.
На форумот се обрати директорот на Центарот за развој на Скопски Плански регион г-дин Јане Мицевски кој ја образложи важноста на овој демократски начин на избор на развојни проекти согласно програмата на Скопскиот Плански регион.
На форумот имаше сеопфатен аудиториум вклучувајќи ги сите сектори:
Граѓанскиот, бизнис секторот, невладини организации, претставници од општините, надлежните институции, месните заедници, Стопанските комори и заинтересирани граѓани.
Од четирите приоритетни области беа приотизирани следните две нај приоритетни области:
1.Подобрена конкурентност преку поттукнување и развој на мали и средни претпријатија,индустрии и модерна инфраструктура, и
2.Подобрен квалитет на животната средина.
Првата форумска сесија помина продуктивно, со 12 предлог идеи, кои понатаму ќе се презентираат на седница на совет и од кој ќе произлезат нај квалитетните идни проекти.
No comment yet, add your voice below!