Центарот за развој на Скопски плански регион предводен од в.д. Директор г-ѓа Розета Арсовска, денес присуствуваше на годишната конференција насловена ,,ГОДИНА НА НОВИ МОЖНОСТИ” на покана од страна на Влада на Република Северна Македонја/ Министерството за животна средина и просторно планирање, чија цел беше преку дискусија да се направи пресек на она што е направено во 2022 година, но и да даде насока и визија 2023 година.
На Панелот 2 ,, Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза” за кој беше поканет центарот, се дискутираше за капитални инвестиции во инфраструктурата, животна средина, образование и култура, а говорници беа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми и Горан Марковски проф. на Градежен факултет.
Секој од панелистите имаа свое излагање за клучни реализирани и планирани инфраструктурни проекти кои сметаат дека се од големо влијание врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
No comment yet, add your voice below!