Успешно реализирана првата работилница “Управување со отпад и развој на локалната економија“ организарана во Скопје од страна на TAIEX LTA – техничка поддршка за локалните власти во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион и Секретаријатот за Европски прашања.
“Огромно задоволство и чест ми беше за мене лично, да се учествува во организацијата на дводневната работилница која е прва активност во нашата држава организирана од „TAIEX стратешка поддршка за локалните власти„ како новитет na TAIEX инструментот“ – истакна Г-ѓа Розета Арсовска, координаторката за регионален развој при Центарот за развој на Скопски плански регион.
110 претставници на министерствата, локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија, академската и бизнис фела, како и претставници на граѓанските здруженија дискутираа за ефикасно управување со отпад, третман на отпадни води, зелени јавни набавки и циркуларната економија со 12 меѓународни и домашни експерти/панелисти со цел подобрување на локалната економија и заштита на животната средина.
“Отпадот не е само предизвик, туку и можност за развој – порача Штефен Худолин, Шеф на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ. А, TAIEX ја отвара можноста секоја општина да биде дел од одржливиот развој.“
No comment yet, add your voice below!