Skip to content

Одржана IV (четврта) седница на Совет на Скопски плански регион

ДАТУМ

март 22, 2022

Категории

Советот на Скопски плански регион ја одржа четвртата по ред седница на која присуствуваа: Заменик министер за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Христина Оџаклиеска, Директор на Агенција за планирањена просторот, г-ѓа Андријана Андреева, градоначалници од Скопскиот региони претставници од општините во Скопскиот регион.

Целта на средбата беше запознавање на градоначалниците на општините со процесот на изработка на Просторен план во Република Северна Македонија се со цел земање на активно учество и придонес во носењето на одлуките.

Просторниот план на Државата, како највисок стратешки, долгорочен документ со кој се обезбедува организација, заштита и управување со просторот на државата, по својата суштина и карактер, а особено по начинот на донесување претставува законски документ од највисок ранг, кој во планерската терминологија се нарекува „устав во планирањето“. Затоа целата постапка на негова изработка, донесување и имплементација ќе биде транспарентна, демократична и инклузивна и ќе ги обедини сите засегнати страни кои се дел од политиката на планирање.

Планските региони се една од најзначајните засегнати страни и нивното учество во овој процес е значајно поради утврдувањето и респектирањето на регионалните преиоритети и специфики, со што ќе се постигне избалансиран развој.

Скопскиот регион, поради концентрацијата на население, стопански капацитети, управни, образовни и др.функции, сообракајната поврзаност инт/сл. е најкомплексен и токму поради тоа бара активно учество на претставниците во процесот на подготовка, донесување, а особено имплементација на просторниот план.

Добрата политика на планирање на просторот и заштита на јавниот интерес се обезбедува со одржливо користење на земјиштето, природните и создадени вредности и заштита на животната средина, што е основа на методологијата за изработка на просторниот план.

Овој плански документ кој ќе биде основа на развојот на нашата земја во идните 20 години, ќе гарантира благосостојба, прогрес и повисок квалитет на живеење на нашите граѓани и зачувување на се она што нашата земја го поседува како вредно и ограничено национално богатство; во состојба, кондиција, капацитет и квалитет вреден и употреблив и за идните генерации.

Седница на Совет на Скопски плански регион се одржа во Град Скопје. 

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy