На Консултативниот форум: IPA Cross Border Cooperation Programme, Kosovo & North Macedonia одржан на 16.03.2022 во Приштина, во контекст на подготовките за најавениот повик во делот предвиден за прашaња и дискусија, на прашањето кое се однесуваше за можноста на регионалните центри за развој да бидат водечки апликанти во структурата на партнерствата, на одговорот даден од страна на проектниот менаџер на Европската комисија Г-дин Џорџ Папагијанис (George Papagiannis), беше дадена забелешка од министерот за локална самоуправа на Р.С. Македонија, Г-дин Горан Милевски, кој посочи дека доколку делегацијата не е подготвена да одговори, да ја вгради забелешката на директорот на Центарот за развој на Скопски Плански Регион, Г-дин Љупчо Кец Мицковски во претстојниот повик и да им овозможи и на центрите на планските региони да аплицираат.
Деталите, во врска со поставеното прашање, се подоле во издвоените цитати, определени со минутажа во изворното видео: https://www.facebook.com/ipacbckosovonorthmacedonia/videos/5275659982452562, поставено на ФБ страницата на IPA CBC Programme Kosovo – North Macedonia 2014 – 2020 https://www.facebook.com/ipacbckosovonorthmacedonia
Љупчо Кец Мицковски, Директор на ЦРСПР (Прашање од 50: 28 до 51: 43), цитат:
„Почитувани министри, почитувани градоначалници, дами и господа, јас сум Љупчо Кец Мицковски директор на ЦРСПР, благодарам за поканата. Сакам да прашам дали на овој повик Центрите за развој на планските региони ќе имаат можност да аплицираат со едно кратко образложение: Минатиот повик ние како Центар аплициравме со проект и бевме одбиени поради тоа што не сме регистрирани, не сме локална самоуправа. Имено центрите се регистрирани како локална самоуправа и во централниот регистер на Р.С. Македонија евидентирани сме со дејност „локална самоуправа“. Причината не ми беше јасна затоа и приговаравме до Канцеларијата на Европската унија, приговаравме до Министертвото, и сакам овде да прашам бидејќи целта на форумот е да ми одговори: Дали ние како центри, бидејќи сме во оваа програма видливи, значи, зборувам за Центарот за развој на Скопски плански регион од мое име, верувам ќе се интересираат и останатите центри, дали ќе можеме да алицираме на овој повик како главни апликанти, благодарам.
На што Г- дин Георг Папагијанис даде одговор во кој повторно упати на информации од Водичот за новиот повик, за кој посочи дека има правилник и дека овој повик е различен од другите за кој треба да се прочита неговиот Водич (Guideline) на што беше дадена забелешката од министерот Милевски, дека канцеларијата доколку не е подготвена да го вгради приговорот од страна на директорот Мицковски.
Одговорот на Г-дин во Георг Папагијаннис во целост е даде од 52:00 до 53: 15 во видеото од линкот.
Министерот Милевски, забелешка (53: 23 – 54: 29), цитат:
„Бидејќи некако не даваме точни одговори на градоначалниците, а за тоа се дојдени, за новиот повик кој ќе се објави за некој ден, и незнам дали делегацијата сеште не е спремна, но и ако не е спремна, добра е оваа забелешка на директорот на Скопскиот плански регион бидејќи, сега уште не сте спремни целосно со повикот, да ја вградите и да им овозможите на планските региони да аплицираат, бидејќи таа можност ја имаат со програмата пример со Грзција, со Бугарија, планските региони се рамноправни со општините и аплицираат, така да бидејќи слушам дека повикот не ви е готов, штом не е готов овие забелешки од градоначалниците и од планските региони можете да ги вградите а не да чекаат дали ќе бидат или не, сега, изненадување да биде, туку тоа да биде вградено, за да може планските региони да аплицираат, тоа е една моја забелешка или препорака.
Во контекст на целисходноста на консултативниот форум кој се одржа во Приштина, на 16 март 2022 година, на кој учествуваа Министерот за локална самоуправа на Р. Косово Г-дин Елберт Красниќи, министерот Горан Милевски, како и градоначалниците од обете страни на опфатените погранични региони, фокусот беше ставен на негување и зајакнување на соработката на општините на Република Косово и општините на Република Северна Македонија во рамките на оваа програма. Министерот г-дин Красниќи истакна дека на петтиот повик за доставување предлози, кој наскоро ќе биде објавен, достигна финансиска вредност од околу 3 милиони евра.
Од друга страна, министерот Милевски му се заблагодари на министерот Красниќи за домаќинството, нагласувајќи дека прекуграничната соработка е приоритет на Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија, токму преку реализацијата на овие корисни проекти во општините на нашите две земји.
No comment yet, add your voice below!