На ден 14.12.2021 свечено се затвори едномесечната обука на тема: GENERAL MANAGEMENT FOR REGIONAL DEVELOPMENT AND PLANING (201902184- J001), реализирана од Јапонската Агенција за Меѓународна соработка – JICA, на која како пртиципиент од Р.С. Македонија присуствуваше директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Љупчо Кец Мицковски.
Обуката која беше дизајнирана да биде спроведена on –line, помина со најдобри коментари и честитки за посветеноста, восприемањето на материјалот и неговата интеграција во идните стратегии кои се однесуваат на развојот на регионот. На свечената завршница, сите учесниции земаа збор, а номинираните кандидати добија сертификати кои имаат исклучителна вредност во квалификациите на експертите кои ја посетија обуката. ЦРСПР, предводен од директорот Мицковски, уште еднаш покажа доследност и интерес кон просперитетот и јакнењето на управувачкиот капацитет преку нови здобиени знаења, превземени од Јапонија која важи за лидер во развојните политики. Плановите на центарот се да ја дисеминира и интегрира едукативната програма, во квалитетни и корисни проекти.
Свеченост и сертификати по повод обуката: „Генерален менаџмент за регионален развој и планирање“
ДАТУМ
декември 14, 2021
Категории
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!