Skip to content

ЦРСПР во посета за регионално збратимување со Измир, Турција

ДАТУМ

ноември 8, 2021

Категории

,

Центар за развој на Скопски плански регион во делегација со Занаетчиската комора на Македонија, реализирае серија дипломатски средби во Измир, Турција,  со цел вмрежување и идни соработки во занаетчиството, бизнис секторот и индустриите. Целта на посетата беше иницијатива за размена на искуства, маркирање и интеграција на потенцијалните инвестиции и прогресивни проекти во развојните регионални политики.

Скопскиот плански регион претставуван од раководителот Љупчо Кец Мицковски и координаторот за туризам и култура Регина Икомомовска беа дел од делегацијата предводена од претседателот на занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији, заедно со останатите претставници Јумни Адеми, државен советник за микро и средни претпријатија при Министерство за Економија и Стојан Трајковиќ, грнчар и промотор на грнчарсвото во занаетчиската традиција. Посетата беше реализирана благодарение на поканата од еснафот во Турција, општините, Чигли и Селџук,  Сојузот на стопански комори на Измир, Федерација на балкански здруженија во Измир (ИЗБАЛДЕФ) и Македонската заедница за култура и солидарност на имигрантите и други институции.

Целта на посетата беше да се оствари мисијата за подобрување на соработките, владините програми и искористување на бизнис потенцијалот и идните инвестиции во јакнење на занаетчиските капацитети како и подобрување на взаемната бизнис клима на релација Турција – Македонија. Со особена чест, голем респект, извонреден пречек и избрана агенда, делегацијата беше пречекана од тамошните претставници, муфтарот на општина Чигли – Рамазам Арслан (Ramazan Arslan) и претставникот на занаетчиската комора на Чигли, Ариф Алтикулач (Arif Altikulaç), кои ги отворија своите братски срца за прием во нивната институционално, занаетчиско, стопанственичко и бизнис семејство. Во тамошните посети со срдечен пречек и отворени врати за идни соработки  со останатите претставници на посетените комори, заедници и компании македонската делегација беше спроведена од поранешен менаџер за образование во општина Каршијак, Муарем Гезинџи (Мuammer Gezinci), директорот  за кредитни линии и трговски гаранции – Танер Чомерт (Taner Cömert), во чија придружба поминаа поголемиот дел на средби меѓу кои беа и средбите со градоначалникот на општина Чигли, Утку Ѓумрукчу (Utku Gümrükçü), кајмаканот на општина Чигли, Аднан Чакироглу (Adnan Çakıroğlu), претседателот на Македонската заедница за култура и солидарност на имигрантите  Илхами Јилдиз (Ilhami Yildiz), претставникот на Колеџот Каршијак, Акин Усланмаз (Akin Uslanmaz) и градоначалничката на општина Селџук, Филиз К. Сенгел (Filiz Ceritoğlu Sengel).

Во четиридневната посета Скопскиот плански регион ги запозна капацитетите и можностите за инвестиции за подобрување на состојбата на занаетчиството како дел од структурата на културното наследство и туризмот  преку општините и местата кои беа посетени, вклучувајќи ја и општината Буџа од апект на филмската индустрија каде што беше посетен филмскиот фестивал Балкан Панорама на кој преку филмска промоција беше претставенен потенцијалот на нашите домашни дестинации со цел заканување на мостовите на културата. Сите овие средби веќе вродија со плод кој создаде сериозна мрежа на потенцијални партнерства во областите на занаетчиството, културното наследство, туризмот, гастрономијата, винската индустрија, агрономијата, инфраструктурата, иновативните технологии и образованието  како  гранки во кои се стимулираат врските меѓу приватниот и државниот сектор, општините и институциите и граѓанскиот сектор меѓу сите нив како важна алка претставуван од здруженијата и коморите кои се главни двигатели за подобрувањето на спектарот на можности од сите фели и релеватни детектори на актуелните состојби.

Иницијативата е повлечена, останува да се реализираат идните соработки, да се стимулира и развива претприемаштвото и да се овозможи прием  и интерес од  страна на институциите надлежни за реализација на зададените предизвици.

Центарот за развој на Скопски плански регион, изразува благодарност за приемот од страна на сите турски институции, здруженија, комори  и компании кои го продолжуваат примерот на досегашните соработки во кои еден братски партнер во регионалната заедница е и МАТТО – Македонско-турската Комора.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy