Skip to content

Одржана XXII (двaесет и втората) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

март 12, 2021

Категории

Денес се одржа XXII (двaесет и втората) по ред седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

Со седницата раководеше зам. претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион Г-дин Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров и Раководителот на Центар за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски.

Седницата се одвиваше согласно точките од дневниот ред кои редоследно и едногласно беа усвоени. Меѓу нив се усвои и Годишен Извештај за работењето на Центар за развој на Скопски плански регион за 2020 година, Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2020 година и Финансиски Извештај за работење на ЦРСПР за 2020 година.

На седница покрај градоначалниците од Скопскиот регион присуствуваа и претставници од три средни училишта АСУЦ Боро Петрушевски, СГГУ Здравко Цветковски и СУГС Браќа Миладиновци со кои Центар за развој на Скопски плански регион ќе потпише Договор за соработка  во врска со реализација на проектот ,,Поттикнување на претприемништвото со подобрени вештини преку иновативно учење” од програмата на Еразмус + КА1 Мобилност на ученици во стручното образование и обука од НА во реализација на активности за практична обука со  8 ученици и 1 наставник придружнo лице во ВИТАЛИС (VITALIS Betreuungsgesellschaft für Modellprojekte mbH), Германија.

Се донесе и Одлука за преотстапување на објект за проектот:,,Изградба на пешачка патека од пругата на село Орешани и село Таор до границата на село Ржаничинo, Општина Петровец”, кој во јануари 2021 година беше целосно завршен.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy