Skip to content

Завршни активности од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух”

ДАТУМ

март 4, 2021

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со  Здружението “Go Green” , ги презентираа завршните активности од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух”, финансиран од Швајцарска агенција за развој соработка и Министерство за локална самоуправа на Р.С.Македонија, во рамките на проектот “Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој”. На средбата приствуваше Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион ,Љупчо Кец Мицковски, заедно со  Амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Н.Е. г-ѓа Сибил Сутер Техада, Министерот за локална самуправа на Р.С.Македонија, Горан Милевски и Горјан Нацевски од Здружението “Go Green”. Сите чинители во проектот изразија големо задоволство за имплементацијата на овој проект, кој ќе допринесе за почист воздух и заштеда на електрична енергија, а воедно ќе  поттикне еколошко однесување кај граѓаните, особено кај младите луѓе. Раководителот на Центарот за развој Скопски плански регион, Љупчо Кец Мицковски, истакна дека овој проект е изгласан на партиципативен начин  со учество на претставници од граѓанскиот сектор, општините, бизнис секторот и образовните институции. Тој се заблагодари кон Здружението “Go Green”, како и кон општините-партнери во проектот: Градот Скопје, Општина Центар и Општина Кисела Вода. Граѓаните во Градот Скопје и сите посетители, веќе имаат можност да ги користат 5те паметни клупи во трите општини на следните локациите:
  • Ул. Наум Наумовски Борче во Општина Центар,
  • Зоолошка Градина- Скопје  и
  • Парк Шопен во Општина Кисела Вода.

Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с. Петровец, траса по пат Р1102

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy