На ден 24.11.2020 година, со почеток во 11.00 часот поради моменталната состоја со КОВИД 19, онлајн се одржа XIX (деветнаесетта) по ред седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Седницата се одвиваше согласно точките од дневниот ред:
- Усвојување на записникот од XVIII (осумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион
- Презентација на Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС и БРР, а во рамките на проектот Одржлив и инклузивен развој – надворешен експерт од Таргет Комуникација
- Информација за потпишување на Меморандум за соработка со МАТТО
- Предлог-Одлука за преотстапување на објект за проектот “Изградба на потпорни ѕидови и плоча во должина од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ, општина Гази Баба I фаза”
- Разно.
- Изработка на катастар на загадувачи
- Реконструкција на канал за наводнување с.Орман-Ѓорче Петров
- Изработка на фекална канализациона мрежа с.Орман-Ѓорче Петров
- Мапирање на велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација – Кучково,Ѓорче Петров
- Изработка на техничка документација за кејско уредување на брегот на Маркова река, како и уредување на коритото во должина од 10 км -Kисела Вода
- Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост- Гази Баба
- Интервентно сместување ан деца и возрасни со попреченост – ЈУ Завод за рехабилитација
- Основен проект за реконструкција на ОУ С.Кучково – Ѓорче Петров
- Отварање на работилница за работна интеграција за социјална инклузија и олеснет пристап до пазар на труд на социјално ранливи групи на граѓани -Црвен Крст на град Скопје и општина Карпош
- Центар за работа со талентирани ученици од основните училишта во Општините Центар, Кисела Вода и Карпош
- Рехабилитација на дел од улица Александар урдаревски во КО Горно и Долно Оризари – Шуто Оризари
- Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода
- Изработка на физибилити студија за повеќенаменски хидросистем Кадина Река – Гумалево, Зелениково
No comment yet, add your voice below!