Изработката на Програмата за развој на Скопски плански регион 2020-2024, како еден од најважните стратешки документи, е од огромно значење за Скопскиот плански регион. За таа цел денес во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финасиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка се одржа Првата регионална работилница на која поканети беа и присиствуваа преставници од Минстерствата, преставници од бизнис секторот, стопанските комори,преставници од невладиниот сектор и преставници од општините.
Во Првиот дел од работилницата Г-ѓа Наташа Амдију, координатор на UN Women , одржа презентација “Родово одговорно буџетирање за рамномерен регионален развој“ и ја престави потребата за родово одговрен пристап во поставување на стратешките приоритети и буџети, земајќи ја во предвид различната положба на жените и мажите и различните пречки со кои тие се соочуваат.
Работилницата продолжи со презентација од страна на лидерот на експертскиот тим , г-ѓа Светлана Петревска која имаше можност да ги претстави клучните наоди од секторските анализи кои се изработија во изминатиот период. Изработката на SWOT анализи – по определените тематски/приоритетни области за изработка на програмата се неизбежни. Во таа насока активно беа вклучени присутните, со размена на идеи и предлози, дискусија со визија и насоки во кои би требало да се развива Скопскиот плански регион за да може да израсне во еден препознатлив , конкурентен регион, кој е подготвен да одговори на предизвиците на едно модерно дигитално време.
No comment yet, add your voice below!