Центарот за развој на Скопскиот плански регион Ве поканува на втората форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, што ќе се одржи на 20 февруари (четврток) 2020 година, со почеток во 11 часот, во Стопанска комора на Македонија – Конгресна сала.
Целта на втората форумска сесија е презентација и развивање на предлог концептите за подобрување на социјалната инклузија во Скопскиот плански регион, по предлозите и проектните идеи дефинирани од страна на учесниците како приоритетни во текот на првата форумска сесија.
Форумскиот процес се реализира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка.
За Скопскиот регион е предвиден грант од 80.442 швајцарски франци, со кои ќе биде поддржана имплементацијата на еден од трите предлог проекти, кои учесниците ќе ги приоретизираат како проекти со најголемо регионално значење и најголемо влијание врз социо-економскиот живот на граѓаните од овој регион.
Програмата „Регионални форуми во заедницата“ е модел на партиципативно граѓанско учество во донесувањето одлуки на регионално ниво, градење на партнерства и капацитети за рамномерен регионален развој и граѓански придонес во развојот на заедницата.
БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ЗАЕДНИЦАТА!
ДАДЕТЕ ПРИДОНЕС ЗА ИНКЛУЗИВНО И ИНТЕГРИРАНО ОПШТЕСТВО!
No comment yet, add your voice below!