На ден 07.02.2020 во Стопанска Комора на Македонија, Центарот за развој на Скопски плански регион го организираше првиот Регионален форум на заедницата во рамките на проектот “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, кој се реализира со финансиска поддршка на Швајцарската конфедерација, преставувана од Амбасадата на Швацарија во РМ, Швајцарска Агенција за развој и Министерството за локална самоуправа на РМ.
На настанот присуствуваа претставници од сите заинтересирани страни: општини, бизнис сектор, граѓански сектор, образовни институции, граѓани и други чинители.
Настанот го отвори Претседателот на советот за развој на Скопски плански регион, Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, модерирањето пак и припадна на г-ѓа Жаклина Цветковска. На форумот присуствуваа претставници од проектната единица на Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Целта на проектот е да ја зголеми имплементацијата на политиките за регионален развој, за да се намалат регионалните диспаритети, со цел да се поттикне локалниот и регионалниот развој во насока на подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.
Преку овој партиципативен и демократски модел на одлучување граѓаните ќе ги идентификуваат и изберат најприоритетните проекти за регионот, од кои најмалку еден проект ќе биде реализиран, како проект со највисок интерес и со најголемо регионално влијание и бенефит на целата заедница.
Во насока на критериумите за избор на проритетните теми за кои ќе се развијат идејни проекти, беа формирани следниве работни групи: социјална инклузија во туризмот, социјална инклузија во образование и спортот, социјална инклузија за пристап на пазарот на труд, социјална инклузија за пристап до здравствени услуги, социјална инклузија за пристап до социјални услуги.
Во рамките на приоритетните области, секој тим издвои неколку приоритетни проблеми за кои меѓу присустните се разви дискусија. Во рамките на процесот на спроведување на наредни активности од проектот и издвојување на приоритетни проекти, Центарот за развој на Скопски плански регион ќе спроведе уште два форуми во текот на месец февруари и месец март.
No comment yet, add your voice below!