Skip to content

Покана за прва форумска сесија за втор циклус на регионални форуми во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

ДАТУМ

јануари 29, 2020

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, почнува со реализација на вториот циклус на Регионални форуми, што ќе бидат посветени на темата Социјална инклузија.
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија, која ќе се одржи на 07.02.2020 година, со почеток од 11 часот, во просториите на Стопанска комора(сала на 5-ти кат).
Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.
На првата форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со форумскиот процес, да дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со социјална инклузија со кои се соочува планскиот регион и за истите да предложат приоритетни решенија.
Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на регионалниот форумски процес.
Форумот е отворен и за сите граѓани, кои сакаат да земат активно граѓанско учество во партиципативниот форумски модел на одлучување.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy