Skip to content

Одржана дводневна регионална конференција на тема: Градење на функционално-просторни и економски структури за подобро интегрирање на урганите со руралните средини во Скопскиот плански регион

ДАТУМ

септември 23, 2019

Категории

Конференцијата се одржува во рамките на проектот Одржлив и инклузивен рамноремерен регионален развој, финансиран од Министерството за локална самоуправа и швајцарската агенција за развој и соработка.
Темата на оваа конференција е од исклучително значење, бидејќи демографскиот диспаритет, предизвикан од миграцијата на населението од руралните во урбаните населби, како и миграцијата од другите региони, придонесе кон огромна промена во просторно-урбанистичкиот и функционален раст на Скопскиот плански регион.
Урбаните општини се соочени, не само со демографски, туку и со економски, градежен и социјален притисок, додека во руралните средини се соочуваме со депопулација, недостиг на основна инфраструктура и осиромашување.
Ваквите промени имаат негативно влијание на развиеноста на општините во Скопскиот регион, кој се помалку наликува на економска и функционлан средина, а рамномерниот регионален и одржлив развој ја достигнува критичната точка.
Притисокот во урбаните општини, особено во централното подрачје на скопскиот регион, е огромен и тие се соочуваат со пренаселеност, сообраќаен хаос, градежна експанзија, еколошки поблеми, узурпација на јавни површини и друго, заради што не можат да одговорат на реалните потреби на граѓаните,
И во услови кога нема проектирано планирање за се поголемата концетрација на жители, во прашање е доведен не само просторниот развој, туку и економско-социјалниот одржлив развој.
Наспроти ваквата состојба во урбаните средини, во руралните општини, се соочуваат со депопулација, економска стагнација, неизградена инфраструктура, немање услови за развој на бизнис, нови работни места, но и за квалитетен културен и социјален живот.
Општините обично немаат развојни планови, меѓу кои и соодветни ГУП-ови и ДУП-ови, со развојна компонента и прилагодени на потребите на населението и потенцијалните инвеститори. Заради тоа, просторот, не ретко, стихијно се узурпира и се гради неплански, а во прашање се доведува заштитата и одржувањето на заштитени подрачја и природното и културно богатство.
Преставници од Министерството за локална самоуправа, градоначалници, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за планирање на просторот, градежната комора, бизнис секторот, катастарот, беа дел од панелистите кои дискутираа за законската регулатива, развојните планови, дисбалансот помеѓу јавниот интерес и бизнисот, еколошките последици и слично.
Исто така беа вклучени и професори од науката со своите истражувања и анализи, какао и странски експерти и реномирани компании кои својот придонес го дадоа преку нивните презентации.
Од оваа конференција очекуваме релевантни и конкретни заклучоци за намалување на развојните диспаритети на локалните заедници, но и за усогласен и рамномренен развој на целиот регион.
Се надеваме дека препораките кои беа упатени ќе претставуваат визија за идната стратегија за рамномерен регионален развој, кој на Скопје ќе му обезбеди растоварување од урбанистичкиот притисок, а на руралните општини забрзан развој.
Тоа ќе влијае и на овозможувањето на еднакви услови за живот на сите граѓани од регионот и неговата економска, социјални и еколошка одржливост.
[foogallery id=”6452″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy