Skip to content

Започна реконструкција на регионалниот пат Хиподром – Илинден

ДАТУМ

август 15, 2019

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Oпштина Гази Баба и Oпштина Илинден, поддржано од Влада на Република Северна Македонија, започна со изработка на проектот: ‘’Реконструкција на регионалниот пат Хиподром – Илинден’’.
Реконструкцијата ќе опфати обнова на асфалтот во должина од 2 километри, проширување на патот за уште една дополнителна лента и нов тротоар во должина од 2000 метри квадратни.
Со ова ќе се овозможи поголема безбедност како за возачите од една страна, така и за пешаците од друга страна.
Оваа патна делница ги поврзува Oпштина Гази Баба со Oпштина Илинден и Oпштина Арачиново, овозможувајќи сообраќајна поврзаност на новата населба Хиподром II, тренинг кампот на ФК Вардар, спортско рекреативниот центар Хиподром, логистичката и индустриска зона во Илинден, како и индустриската зона Северна заобиколница на потегот од Хиподром до Oпштина Арачиново и Oпштина Илинеден.
[foogallery id=”6411″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram