Skip to content

Со средства обезбедени од Центарот за развој на Скопски плански регион се реконструира улицата „Рилски Конгрес“ Локалитет Тасино Чешмиче во делот на Општина Центар

ДАТУМ

август 7, 2019

Категории

Од денеска, започнува реконструкцијата на коловозот на улицата „Рилски Конгрес“ Локалитет Тасино Чешмиче во делот на Општина Центар. Реконструкцијата на улицата следи откако на истата е утврдено значително оштетување на завршниот асфалтен слој.
Согласно Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година донесена од Владата Република Северна Македонија доделени се средства за финансирање на Скопскиот плански плански регион во вкупен износ од 20.789,773 денари. Центарот за развој на Скопски плански регион во момнетов работи на дванаесет проекти меѓу кој е и проектот „Реконструкција на улицата „Рилски Конгрес“  Локалитет Тасино Чешмиче во делот на Општина Центар за кој се издвоени средства во износ од 4.679.302 денари.
„Рилски Конгрес во својата постојна состојба е со оштетен завршен слој од асфалт, а на одредени делови оштетувањето е толку големо што го оневозможува нормалното одвивање на сообраќајот и ја загрозува безбедноста на возачите и пешаците. Токму поради тоа, започнуваме со реконструкција на улицата која во основа подразбира замена на постоечкиот завршен асфалтен слој. Проектот за реконструкција го опфаќа потегот од крстосниците со улица „Ѓорѓи Скрижевски“ од една страна до крстосницата со улица “Црниче“ од друга страна, односно делот од улицата кој се наоѓа на територија на Општина Центар.
Реконструкцијата на улицата е предвидена да заврши во рок од една недела,  по што оваа улица треба да го даде соодветното ниво за безбедно одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај.
Времетраењето на овој проект согласно договорот со економскиот опретаор е 6о (шеесет) денови од денот на потпишување на договот.
[foogallery id=”6378″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy