На ден 11.06.2019 година со почеток во 11часот, во просториите на Општина Центар се одржа дванаесеттата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
На средбата присуствуваа градоначалници и преставници од општините од Скопскиот плански регион.
Седницата на Советот за развој на Скопски плански регион ја отвори Претседателот, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски. Со вовед во дискусијата и презентирање на точките од Дневниот ред за дванесеттата Седницата се обрати Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски. На седницата беа презентирани одобрените проекти за СПР од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.
Од страна на Раководителот на ЦРСПР беа презентирани тековните активности во врска со одобрените проектите од 2018 година. Во рамките на проектот “Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој” Раководителот ги извести присутните градоначалници за двата одобрени проекти, чие финансирање е обезбедено од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија. На Седницата беа пренесени информации за подготвени апликации во рамките на ГГП програмата на Јапонска Амбасада и информација за учество на ЦРСПР во програмата за прекугранична соработка на Р.С. Македонија со Р. Косово.
На средбата се дискутираше за престојната Конференција, која треба да ја организира ЦРСПР со финансиска поддршка на Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија.
[foogallery id=”6162″]
No comment yet, add your voice below!