Skip to content

Потпишан договор за реализација на проекти во 2019-та година

ДАТУМ

мај 16, 2019

Врз основа на член 42 од Законот за рамномерен регионален развој и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, на ден 24.04.2019 година се потпиша договор помеѓу Центарот за развој на Скопски плански регион и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој за реализација на следниве проекти:

  • Реконструкција на регионален пат Хиподром – Илинден /Општина Гази Баба, Општина Илинден
  • Реконструкција на коловоз на улица Рилски Конгрес, Локалитет Тасино Чешмиче / Општина Центар
  • Подготовка на Техничка документација (Основен проект со ревизија) за водоснабдување / Општина Арачиново
  • Изработка на техничка докумнетација за реконструкција и проширување на ул.3, ул.2 и дел од улицата од населба Шуто Оризари до село Горно Оризари / Општина Шуто Оризари
  • Изградба на потпорни ѕидови и плоча во должина од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Сингелиќ, Општина Гази Баба, I-фаза
  • Изработка на техничка документација со ревизија за општините Чаир и Сарај

Средствата доделени на Центарот за развој на Скопски плански регион се однесуваат за тековната 2019 година.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy